Димитар Талев Петров-Палисламов е роден на 1 септември 1898 г. во Прилеп во ковачко семејство. Негов брат е револуционерот Ѓорѓи Талев.
На девет години останува сирак без татко Поради Балканските војни и Првата светска војна неколку пати го прекинува неговото образование. Учи со прекини во Прилеп, Солун, Скопје, Стара Загора и Битола каде ја завршува гимназијата во 1920 г.
Во периодот од 1920 до 1921 г. учи медицина и филозофија во Загреб и Виена за потоа да се префрли во Софија каде во 1925 г. завршува словенска филологија на Софискиот факултет.
Во 1927 г. работи како коректор во весникот „Македонија„ во 1929 г. станува уредник а во периодот од 1930 до 1931 г. е главен уредник. По убиството на директорот на весникот „Македонија„ во 1933 г. застанува на директорска функција се до превратот во 1934 г. кога се распуштени сите партии и Македонски здруженија во Бугарија како и нивните весници.
Во периодот од 1938 до 1944 г. ја води литературната секција во весникот „Зора„. Во 1944 г. по доаѓањето на комунистите на власт во Бугарија, тој е затворен под обвинение дека ширел великобугарски шовинизам и е исклучен од сојузот на Бугарските писатели.
Задржан е во Софискиот централен затвор до Март 1945 г. кога е и испратен е во работниот логор Бабов дол (До Август 1945 г. ) Повторно е уапсен во 1947 г. и е испратен на принудна работа во рудникот „Куцијан„ ( До Фебруари 1948 г.)
Во 1948 г. заедно со семејството е интерниран во гратчето Луковит каде што во услови на опшествена изолација го завршил романот „Железниот светилник“, и ги напишал „Преспанските камбани“ и „Илинден“.
Кон крајот на 50ите Талев е рехабилитиран.
Умира во на 20 октомври 1966 г. во Софија.
Во чест на Димитар Талев е именуван глечер (Talev Glacier) на полуостровот „Грахамовата земја„ на Антартик.
Романи:
„Железниот светилник“1952
„Илинден“1953
„Преспанските камбани" 1954
„Самоил" 1958
„Хилендарскиот монах“ 1962
„Гласовите ви ги слушам“ 1966
Всичките му произведения са написани на литературен български език.
(справката е на Miki Georgievski)